ФОТО: Ова е најконтраверзното парче накит досега

Познатата дизјанера Вивен Вествуд дошла до идеја за совршен привезок. Ние би ве прашале само едно: Дали би го носеле?

Долгогодишната провокаторка во модниот свет и британската модна легенда, Вивиен Вествуд како и во сите претходни години успеа да го украде комплетното шоу за време на машката модна недела во Милано, така што на пистата донесе еклектика, бои, забава, принтови и детали за кои новинарите секогаш пишуваат.

Таа ја одбележа модната недела во Милано со посебен детал што на сите ќе им остане во сеќавање. Додека во доменот на облеката доминираше лежерниот, опуштен крој, сите ги забележаа златните и сребрени привезоци во облик на машки полов орган.

Дали вие би имале храброст да го носите ова контраверзно парче накит?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.