ФОТО: Ова е најубавата река во светот

Реката Кањо Кристалес во Колумбија според многумина е најубавата река во светот, која ја нарекуваат „течно виножито“.

Од јули до ноември во реката се создава вистинска мешавина од бои под површината на водата.

Геолошката формација на реката е богата со седименти, а камењата се стари околу 1.2 милијарди години.

Сето ова во комбинација со растенијата кои виреат во реката создава најразлична палета од бои.

r1

r2

r3

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.