ФОТО: Ова е највисоката брачна двојка во светот

Триесет и тригодишниоѕ Сун Мингминг и неговата сопруга Су Јан се највисоката брачна двојка во светот.

Заедно достигнуваат висина од 423 сантиметри. Сун кој е кошаркар е висок 236 сантиметри, а неговата сопруга Су, која е ракометарка е висока импресивни 187 сантиметри.

Оваа брачна двојка која влезе во Гинисовата книга на рекорди за 2016 година се запознала на Националниот кинески спортски фестивал во 2009 година.

visokiiiii

Четири години подоцна, на 4 април 2013 година, ракометарката и кошаркарот го кажаа судбоносното „да“.

– Многу добро знаеме со какви тешкотии се соочуваат високите луѓе. Проблемот е возењето во автомобил и авион, креветите во хотелите секогаш се премногу кратки, рече Сун која има и совет за добар брак.

– Никој не е совршен, па затоа потребно е секојдневно да си даваме поддршка еден на друг.