Македонија

ФОТО: Ова е притисок врз медиум, ќе реагира ли конечно ЗНМ?

ФОТО: Ова е притисок врз медиум, ќе реагира ли конечно ЗНМ?

Откако стана јасно дека нема да добијат поддршка од обичните граѓани во партискиот протест пед Владата, дел од учесниците на денешниот протест почнаа со провокации и притисок врз медиуми.

Просториите на Радио Слободна Македонија (РСМ) кои се наоѓаат веднаш спроти зградата попладнево беа мета на незадоволните протестанти, кои започнале да тропаат по прозорите и да извикуваат недолични зборови, вели исплашена новинарка која била во просториите на радиото.

Со ваквите постапки, СДСМ ја продолжува политиката на напади врз медиуми, провокации и етикетирања. Дел од партиските протестанти на опозицијата, како што може да се види на фотографиите на дело покажуваат што значи директен притисок врз медиум, во случајов РСМ, директно попречувајќи во програмата на радиото.

pritisok-1

Останува да видиме дали конечно ЗНМ ќе собере храброст и ќе реагира на ваквите закани и притисоци кон медиум, кои се јасно видливи, или пак како многу пати досега ќе продолжи со молкот кога поддржувачите на опозицијата се во прашање.

Народот многу пати досега, а денешниот протест е уште едоказ за тоа, покажа дека не поддржува хулиганство и насилство, туку потребни се програма, идеи и конкретни проекти кои СДСМ веќе со години наназад не ги понудува.

На протестот пред Владата присуствуваа само стотина луѓе, меѓу кои повеќето членови на невладини организации финансирани од СОРОС и партиски членови на СДСМ. Многу лица кои можеа да се забележат на протестите изминатиов период на хонорарците, СОНК и студентите присуствуваа и на денешниот партиски протест.

pritisok-2