ФОТО: Ова е првиот цвет во вселената

Астронаутот Скот Кели постигна огромен успех. Тој успеа да одгледа цвеќе на Меѓународната вселенска станица.

Кели гордо ги постави фотографиите на друштвените мрежи со натпис „Првиот цвет во вселената“.

Екипажот на станицата веќе успеа да одгледа билка, но зелена салата која не цвета. Ова е прв пат некоја билка да дојде до фаза на цветање.

Инаку во вселената постои веги систем, кој е инсталиран во мај и им помага на астронаутите да садат билки на бродот. Овој систем на одгледување подразбира црвени, сини и зелени лед ламби кои помагаат во растењето на билките.