ФОТО: Ова е скопјанецот иницијатор на навивачката финта со весниците

Ѓорѓи Галетановски, меѓу скопјани познат како Кралот Чомбе, е иницијаторот на навивачката финта со весниците, на денешниот натпревар на светското првенство во ракомет меѓу Македонија и Австрија.

Кореографијата со весници во раце беше порака од македонската Фаланга до австриските ракометари дека поинтересно е да се прелистува весник, отколку да се гледаат нивната немоќ против македонската репрезентација.

Спортскиот портал „Спортмедиа“, пак, објави дека сепак кореографија со весници за прв пат била направена пред 14 години, на најголемото кошаркарско дерби во салата „Јане Сандански“.

Тогаш навивачите на Работнички, популарните „Сити парк бојс“, испратија слична порака до навивачите и кошаркарите на МЗТ Скопје.

Галетановски е во Катар од самиот почеток на светското ракометно првенство и ги бодри нашите ракометари, од кои дел се и негови блиски другари.

combe1

combe