ФОТО: Ова е терористот што го изврши нападот во Зворник

Нердин Ибриќ кој во понеделникот навечер уби еден полицаец во Зворник, а рани двајца роден е и живеел во местото Кучиќ Кула, кај Зворник.

Нерден Ибриќ и неговата мајка биле меѓу првите Бошњаци кои се вратиле на ова место, кое што по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор од 1995-тата година и припадна на Република Српска.

По терористичкиот напад, што го изведе Нердин, полицијата го уапси лидерот на вахабистичкото движење Авдулах Хасановиќ, учесник во граѓанската војна во Сирија и еден од организаторите за заминување на вахабистите на боиштата во Сирија и проповедник во Горна Маоча.

Нердин бил усченик на Хасановиќ и ја поминал обуката во вахабистички камп, но не заминал во војната во Сирија.

Инаку Нердин Ибриќ вчера околу 19 часот со автомобил дошол пред полициската станица во Зворник, пукал со пушка и убил еден од полицајците на вратата. Потоа влегол во станицата и продолжил да пука, а ранил уште двајца полицајци.

Ибриќ бил убиен во размена на огнот во полициската станица.