ФОТО: Ова е убиената медицинска сестра

Сопруга, мајка на 8 годишно девојче и бремена – медицинската сестра од детската клиника 32 годишната Диана Здравковска спасуваше и им помагаше на илјадници дечиња да водат битка за живот – но не успеа да избега од рацете на 22 годишниот Никола кој ја задави на покривот на детската клиника.

Била весела и постојано насмеана сестра која несебично им помагала на дечињата кој биле тешко болни, бидејќи работела на интезивна нега во клиниката. Оние кој ја познавале за неа имаат само пофални зборови – ведра, пожртвувана, секогаш насмеана, пријатна – се зборовите со кои ја опишуваат.

diana1

И за младиот Никола оние кој го знаат велат дека бил мирно момче. Никогаш не правел проблеми и сите се изненадени што посегнал по животот на соседката од соседната куќа во населбата Петровец.

Што се случило. Што го извадило младото момче од такт за да посегне по животот на Даниела ќе покаже истрагата. Според неофицијални информации Никола во полиција изјавил дека неколку месеци се гледале и имале однос, вели не се сеќава на моментот кога ја задавил.

Родителите на Диана живеат подолу во селото, а Диана живеела со сопругот, велат соседите. Не знам зошто велат дека се разведени. Ако биле разведени, немаше да ја испраќаат од куќата на нејзиниот сопруг – коментираат.

Извор: MKnews.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.