ФОТО: Ова е велешанецот кој беше пронајден мртов

Раната на 23- годишниот Адил Сулејмани, кој вчера беше пронајден мртов, не била од огнено оружје, туку од нож. Телото е предадено на обдукција.

Неговиот татко го нашол на нивниот плац во близина на Ветеринарната станица во Велес, на кој порано продавале дрва.

Полицијата работи на пронаоѓање на сторителите и откривање на мотивите за убиството.