ФОТО: Ова е вонземјанинот кој работал за владата на САД

Неговото име е Валијант Тор. Изгледа како човек, но има некои клучни разлики. Тој по потекло е од Венера. Работел за американската Влада некое време во периодот на педесетите години пред да ја напушти Земјата со својот вселенски брод.

Вака тоа го раскажал Фил Шнајдер, геолог и инженер кој имал најголеми овластувања во тајните владини проекти. Тој помогнал да се изградат подземни воени бази и работел во прочуената база Област 51.

Шнајдер раскажал дека го запознал Тор, но и дека не е единствен. Докторот Френк Стрејнџс ја напишал книгата „Странец во Пентагон“ во која го опишал состанокот со Тор.

Шнајдер поседува слика од Тор која е направена во 1943. година. Тој рекол дека овој вонземјанин работел за војската на САД уште од 1937. година.

Според зборовите на доктор Стрејнџс, Тор бил висок околу 180 сантиметри, имал 92 килограми, имал кафена коса и кафени очи. Тој додал дека Тор се запознал и со Двајт Ајзенхауер и Ричард Никсон.

Тимоти Гуд, консултант на Владата на САД кој е познат по тоа што зборувал наоколу за постоењето на вонземјани рекол дека Ајзенхауер имал средба со вонземјани.

Тор ја напуштил Земјата на 16. март 1960. година, како што наведува Стрејнџс. Според него Тор одлетал со својот вселенски брод од Александрија, Виринија.