ФОТО: Ова момче уби 9 лица во црква

Осомничениот за убиството на девет лица во осториската црква во Чарлстон, во американската сојузна држава Јужна Каролина, е уапсен денеска од полицијата, пишуваат медиумите во САД.

Дилан Сторм (21) беше пронајден и задржан од полицијата во градот Селби, во оваа сојузна држава, 13 часови по пукотницата во црквата.

Во првата реакција на полицијата се вели дека уапсениот убиец, присуствувал на еден состанок на кој се изучувала Библијата, пред да влезе во црквата и да почне да пука.

Во вооружениот напад, беа убиени шест жени и тројца мажи, меѓу кои и пасторот на црквата.

Американските федерални власти покренаа истрага за расна омраза за уапсениот Сторм

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.