ФОТО: Ова се дел од ранетите на состанокот на ДУИ во Сарај

Петмина се ранети, а еден од нив е тешко повреден откако синоќа изби тепачка на партиски состанок на ДУИ кој се одржувал во огранокот во Сарај. По вербалната расправија дел од присутните извадиле пиштоли и започнале да пукаат. Еден од петмината повредени е во животна опасност.

Во болница е примено лицето Јакупи Зејди, викан Дади и неговиот брат Јонуз Јакупи, а за останатите лица се уште нема информација.

1

 

Дади Јакупи

Според неофицијални информации пресметката се случила по несогласувања помеѓу приврзаници на Рафиз Алити и Блерим Беџети.

2

 

Јонуз Јакупи

Токму ранетите за кои е добиена потврда се блиски со Блерим Беџети. Јакупи Јонуз е вработен во АРМ, а двајцата браќа се од Кондово.

ФОТО:Вечер

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.