ФОТО: Ова се лидерите на терористите идентификувани од МВР

Министерството за внатрешни работи соопшти дека потврден е идентитетот на двајца од лидерите на терористичката група кои се починати во акцијата. Покрај нив потврда за идентитетот има и за еден од предадените кои е познат како Командант Соколи.

Досега позитивно е потвден идентитетот на Мирсад Ндрецај роден 17.06.1979 од Косово таканаречен командант НАТО за кој постоеја сомненија дека е еден од лидерите на терористичката група. Пристигна позитивна потврда и на идентитетот на Бег Ризај роден 25.12.1977 од Косово познат како командатнт Бегу. Од починатите потврден и идентитетот на Нусрет Каљоши роден 18.04.1975 македонски државјанин.

mirsad500

Освен нив преку ИНТЕРПОЛ потврден е и идентитетот на Сами Укшини 10.10.1967 од Косово познат како Командант Соколи. Лице кое се предаде на полицијата, последен на фотографијата.