Фото: Ова се младенците кои годинава ќе прават Галичка свадба

Традиционалната Галичка свадба која годинава ќе се случи на 12. јули, односно на големиот празник Петровден, веќе ги има новите галички зет и невеста.

Како и секоја година, така и оваа е избрана двојка која пред се има галички корени. Годинава невестата е таа која по мајка си има галичка крв.

Станува збор за Сандра и Александар од Скопје кои веќе се подготвуваат за големиот ден. Тие велат дека и претходно присуствувале на Галичка свадба, ја негуваат традицијата и се многу среќни што токму тие се галичките зет и невеста.

galicka2

Покрај бракот што ќе го склучат на Галичник, Сандра и Александар во месец септември ќе прават уште една модерна свадба.