ФОТО: Ова се момчињата кои се удавија во Дунав

Осумнаесетгоишниот Милош Бешевиќ и неговиот врсник Бојан Јовановиќ од српски Белегиш се удавиле вчера во Дунав, на локалната плажа Грац.

За среќа од давење била спасена и една девојка, која ја спасил капач кој се нашол во близина.

-Сите тројца беа во водата кога ненадејно паднаа во вир. Девојката успеа да ја спаси еден мештан, вели еден од познавачите на трагично загинатите момчиња.

Тој додава дека никој не верувал оти трагедијата може да се случи, бидејќи и двете момчиња активно се занимавале со спорт и биле добри пливачи.

-Бојан редовно тренираше и одеше во теретана, но водата беше посилна од него. Пред неколку години неговата сестра загина во сообраќајна несреќа, вели тој.

Трагедијата ја преживеала Сандра Јовановиќ, пријателка на момчињата. Таа вели дека во водата најпрво влегол Милош, потоа Бојан, па таа.

-Мене ме извлече еден капач. Кога се свртев, Милош и Бојан исчезнаа, вели девојката.