ФОТО: Ова се најубавите божикни подароци

Бебињата кои се родија на Божик во болниците  во САД имаа посебно добродојде на овој свет. По раѓањето завиткани се во слатки празнични чорапчиња, а исто така, добија и рачно плетени капчиња.

Како што јави Еј-Би-Си, медицинските сестри од болницата Мегис Воман хоспитал во Медицинскиот центар на Универзитет во Питсбург, секоја година подаруваат стотина капчиња, а минуваат недели во подготовките на овој божикен настан.

Волонтери помагаа да се изработат божикните чорапи за бебињата. Овој обичај е инициран во калифорниската болница Redlands Community и тоа уште во 1930 година. Иако со годините престана неговата пракса, од 2005 година симпатичната идеа повторно заживеа и ги стопи срцата на многумина.

Медицинскиот центар Лонг Бич ја има истата традиција веќе половина век.