ФОТО: Ова се петте безобразно богати Хрвати

Парите го движат светот, а тоа многу добро го знаат 300-те мултимилионери во Хрватска, кои не се грижат како ќе спојат крај со крај секој месец. Некои се толку богати што од самото споменување на цифрата која ја заработуваат ќе ви се помати умот.

Банковни сметки со огромни суми, шарм и способност. Се чини дека успешните бизнисмени предничат на листата на најпосакувани мажи. Сепак најбогатите Хрвати ретко може да се видат во медиумите.

sasa
Саша Цветојевиќ

Петото место на листата му припаѓа на Саша Цветојевиќ, претприемач со долгогодишно искуство во здравствениот сектор, мобилната телекомуникација, како и дистрибуција на роба со широка потрошувачка. Тешко е да се набројат сите полиња на кои Цветојевиќ делува, но го краси исклучителна моќ за реторика, па минатата година е прогласен за најдобар комуникатор според хрватското здружение за односи со јавност.

На четврто место се наоѓа Орсат Зовко, промотор на боречки спортови, спортски менаџер и сопственик на телевизиски канал, кој го следат милиони луѓе ширум светот. Неговата љубов кон боречките вештини му осигура луксузна егзистенција, а само неговиот ТВ канал, посветен на борбите, се проценува на десетици милиони евра. Сепак, на јавноста можеби и е најпознат како долгогодишен менаџер на Мирко Филиповиќ, кој е заслужен за неговото големо спортско враќање. Својата претприемачка кариера Орсат ја збогатил со соработката со еден од најславните светски боксери, Мајк Тајсон.

Трето место –Емил Тедеши. Се вбројува меѓу најуспешните хрватски претприемачи. Неговата компанија е една од најголемите во регионот, а нејзината вредност се проценува на вртоглави 145 милиони евра. Во неговиот плакар има награди за менаџер на годината, а износот на неговата сметка, ние обичните смртници не би можеле ниту да го наброиме.

ivan
Иван Тодориќ

Второ место – Иван Тодориќ. Вредноста на компанијата на неговиот татко е околу 582 милиони евра. По повеќегодишната љубовна врска со Лана Јурчевиќ, најмладиот потомок на династијата Тодориќ е во врска со српската манекенка Милица Михајловиќ.

davor
Давор Лукшиќ Ледерер

Најпосакуваниот хрватски претприемач е Давор Лукшиќ Ледерер. Трисетгодишниот водетел го краси титулата најбогат Хрват, а често може да се види во друштво на убавици на забавите.

Иако многумина сметаат дека е полесно да се плаче во раскошен дворец отколку во трошна колиба, за успешна врска, секако најважни се љубовта, разбирањето и почитта.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.