ФОТО: Ова се убијците на 11-те новинари во Париз

Француската полиција ги идентификуваше тројцата напаѓачи на канцеларијата на списанието “Шарл Ебдо”, соопшти Reuters.

Тоа се двајцата браќа Шериф и Саид Коуачи (Chèirf Kouachi, Said Kouachi) и Хамид Мурад.Потрагата утврди дека двајцата браќа живееле во околината на Париз, а Мурад е од Ремс. Според неофицијални информации браќата војувале во Сирија на страната на силите против претседателот Башар Асад и неодамна се вратиле од таму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.