ФОТО: Ова се жртвите на убиецот од Кавадарци

Од куршумите на Тони во неделата во Кавадарци на самото место починале родителите на неговата поранешна сопруга, таткото Илија (61), мајката Билјана (56), а нивната 33 годишна ќерка Снежана починала во болница.

Масакрот го извршил во нивната куќа додека неговата поранешна сопруга не била дома, па не е познато дали имал намера да ја убие и неа или само родителите. Тој со по еден куршум во срцето ги застрелал Илија и Билјана, како и нивната помала ќерка Снежана (33), која била таму. Неофицијално, мајката загинала во обид да ја спаси ќерката од убиство. Нивните тела ги пронашла Данче, која повикала полиција. Сите тројца имале влезно-излезни рани во близина на срцата.

Тони е уапсен на гробиштата во Кавадарци откако беше организирана голема потера по тројниот убиец. Тој наводно ја чекал и сопругата да ја убие додека го погребувала родителите и сестрата.

По приведувањето, кај Тони е најден и пиштолот со кој е извршено убиството во кој имало 2 куршуми.  Тој не знаел дали преживеале неговите жртви и прашувал дали се мртви.

Тој и порано бил пријавуван за семејно насиство и според полицијата против него била поднесена кривична пријава за нанесување телесна повреда.

Сопругата Данче спас од насилниот сопруг побарала пред судските органи кога покренала бракоразводна постапка.

Судскиот процес завршил во петокот по што двојката и официјално се развела.

Неможејќи да се помири со разводот, два дена подоцна, во неделата Тони го изврши тројното убиство.

Тој и Данче се родители на две малолетни деца на возраст од 7 и 9 години.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.