четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 39

ФОТО: Ова се жртвите на авионската несреќа

Урнатиот авион бил регистриран во Германија, а пилотите ги има сите потребни дозволи за летање.

nasloc640

Поврзани вести

Ова се жртвите од последниот лет на патничкиот авион Пајпер што се урна вчера во блзиина на Катланово. Четворица од патниците биле италијански државјани – мегу нив и пилотот Франческо Монтањер кој бил претседател на аматерскиот спортски аеро клуб Тревизо – објавија италијанските медиуми. 59 годишниот Монтањер важел за искусен пилот кој заедно со потпретеседателот на клубот 62 годишниот Дарио Бастасиан кој исто така почина во авионската несреќа, имале стотици часови лет.

Тие патувале кон Приштина каде што требало да учествуваат на отворање на аероклубот  на Висар Дегај – бизнисмен од Косово кој исто така бил во авионот.

Франческо Монтањер
Франческо Монтањер

Според италијанските медиуми жртви во авионската несрека се и  55 годшиниот Лука Дале Муле, Ангело Калегари, брокер по професија  и 43 годишната Иларија Бертио.

degaj
Висар Дегај

Урнатиот авион бил регистриран во Германија, а пилотите ги има сите потребни дозволи за летање.  Од Тревизо полетале во 14 часот а на аеродромот Алекснадар Велики требало да слетаат  за да наполнат  гориво.

luka
Лука Дале Муле

Последниот контакт со контролорите во Скопје го имале во 17 часот и 40 минути, кога според итслијанските медиуми го започнале  маневрот за слетување, постапка која вообиачено би требало да трае дест минути.

dario
Дарио Бастасиан

Според италијанските медиуми, авионот паднал на земја, по што експлодирал и патниците и екипажот загинуваат на лице место.

ang
Ангело Калегари

Тие неведуваат дека временските прилики биле лоши но оставаат истрагата да покаже дали влијаеле врз падот на авионот со оглед на фактот што пилотот многупати претходно имал искуство со летање при невреме. Италијанските медиуми потсетуваат дека вториот пилот Бастасиан пред десет години имал помала несреќа при следтување во Тревизо, кога имал проблем со тркалата на авионот.

ilarija
Иларија Бертио

 

Најчитани вести