ФОТО: Оваа фотографија ја расплака Србија

Поплави по втор пат годинва ја поплавија Србија. Цели села во источниот дел на земјата биле евакуирани, а голем број семејства останаа без покрив над главата.

Во селото Бољетин, кое исто така беше силно погодено од поплавите, новиот дожд го успорува расчистувањето на теренот. Помошта доаѓа од војската во Србија која ги расчистува поплавените куќи. На социјалните мрежи се појави фотографија која ја расплака цела Србија, а на која се гледа како едно момче од пет години бутка количка и помага во расчистувањето.

– Што да се каже, а да не се заплаче? Додека одев по селото, случајно го видов момчето кое гордо помага да се расчисти неговиот дом. Морав да го фотографирам – изјави Даниел Докиќ, автор на фотографијата.