Магазин

ФОТО: Оваа лисица мисли дека е куче

ФОТО: Оваа лисица мисли дека е куче

Можеби ќе ви звучи како приказна од цртаните на Дизни, но лисицата Тод навистина мисли дека е куче.

Животното било спасено на четиримесечна возраст, а потоа Ема Д’Силва го посвоила. Лисицата досега покажува голем број карактеристики кои што се својствени за кучињата: мафта со опашот, си игра со играчки, па дури и се шета на синџирче.

tod_2

Единаесетмесечната лисица се дружи со лабрадорите на Ема, Скај и Оукли. Тод заедно со нив оди на прошетки и го привлекува вниманието на другите што се шетаат заедно со кучињата.

tod_5

Ема вели дека оваа лисица, целиот живот го поминала во заточеништво и дека никогаш не живеела во дивината.

tod_4

– Беше помалку лут кога го вдомив, но сега тој многу се поврза со мене, па дури и се шета на синџирче, вели таа и додава дека Тод многу сака да си игра.

Вели дека понекогаш влегува внатре, но најчесто сака да биде надвор.

-Се обидува да го прави она што го прават кучињата, но тој е глув и неможам да го викнам да се врати, вели таа.