ФОТО: Овие луѓе најавија дестабилизација и крвопролевање во Македонија

Антитерористичка акција на МВР, се апсат членови на ИСИЛ
Антитерористичка акција на МВР, се апсат членови на ИСИЛ

Во скандалозниот документарец на телевизијата „Ал Џезеира“, објавен неодамна, опозициската СДСМ и СОРОС започнаа со креирање на страшна слика и меѓуетнички тензии во Македонија.

Главна „ѕвезда“ на арапската телевизија, која континуирано пропагира радикален исламизам, беше Радмила Шекеринска, заменик претседател  на најголемата македонска опозициска партија, пишува порталот „Курир“, пренесува Нетпрес.

Освен неа, жесток удар кон земјава зададоа и луѓето кои земаат плата од СОРОС, за да работат против интересите на Македонија.

Во скандалозниот документарец, кој го разгневи секој Македонец, Шекеринска најави дека работите ќе се влошуваат.

407aldzezira

– Стигнавме до криза, а ситуацијата најверојатно ќе се влошува пред да се поправи, рече Шекеринска.

aldzezirasekerinska

Веднаш по неа, еден од ветераните на ОНА пред картата на Голема Албанија најави дека Албанците се спремни за војна.

onaveteranii

– Сметаме дека Македонија е вештачка држава. Сонот на Албанците е да живеат на овие територии, каде живееле и каде уште живеат… Ако дојде до вооружена пресметка во Македонија, ветераните ќе се борат за нашите браќа во Македонија. Не само ние, туку и Албанците од Косово, рече ветеранот на ОНА.

Вчерашните случувања ја потресоа Македонија. Во вооружена пресметка со терористи загинаа македонски припадници на безбедносните сили. Досега бројка е осум убиени македонски полицајци.

Скандалозниот документарец на телевизијата „Ал Џезеира“ се чини најави вакво сценарио, а Шекеринска ја предвиде ваквата ескалација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.