ФОТО: Овие мумифицирани тела кријат страшна приказна

Погребани во пепел повеќе од 1.900 години, во трагична несреќа, овие тела откриваат една застрашувачка приказна.

Помпеја бил голем римски град, во италијанскиот регион Кампаниа.  На 24 август 79 година, вулканот Монт Весувиус наеднаш еруптирал со неверојатна моќ, прскајќи врела лава цели 18 часа.

„Проколнатиот“ град Помпеја и неговите жители биле жртвите на оваа неверојатна природна уништувачка моќ.

Следното утро, на 25 август, кратерот од вулканот пропаднал и лавина од кал која се движела со 160 км на час го потопила градот и жителите во него.

Луѓето биле закопани во пепел, нивното тело се „скаменило“, со оглед на тоа што мекото ткиво целосно се распаднал, оставајќи ги само коските во една школка од цврст скаменет пепел.

Се претпоставува дека околу 2.000 луѓе загинале а локацијата каде се случила несреќата била напуштена се до 1748 година, кога дошле првите археолози на тоа место.

Во овој период, повторно се врши ископување на Помпеја, каде се испитуваат пронајдените тела.

Она што археолозите го пронашле, се застрашувачки глетки, на камени тела во нивните последни моменти од животот.

Од сите, како што сведочат археолозите, нај тажна им била сликата кога виделе скаменети тела, на, по претпоставка мајка и дете.

Мајката била легната а во нејзиниот скут се наоѓало детенце, кое се претпоставува дека имало околу 4-5 години.

dete1

dete3

dete4

dete5

dete6