ФОТО: Овие станови сопругот на Шекеринска ги рентал самиот на себе

Откако вчера повеќе портали објавија дека сопругот на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски, попознат како Бобо Дајнерс заработил кривична пријава за затајување на данок и злоупотреба на службената должност, порталот Денешен објави фотографии од становите кои Јанковски ги рентал на самиот себеси.

 

Според пријавата на полицијата во периодот од 1. јануари 2009. до 31. 12 2013. односно во периодот од 5 години, по основ на закуп на станови, Јанковски и неговата мајка во својство на физички лица закуподавци од една страна и повторно пријавениот од друга страна како одговорно лице во Дајнерс Клуб интернационал мак ДООЕЛ како закупец, склучил повеќе договори за закуп на станбен простор, односно Јанковски склучувал договори за закуп самиот со себе.

-Ова се становите кои сопругот на Шекеринска сам ан себе си ги рентал, а на фотографиите може да се забележи и белиот џип на потпретседателката на СДСМ. Од Јавното обвинителство потврдуваат дека ја добиле кривичната пријава поднесен оа министерството за внатрешни работи со кое раководи сдсмовскиот министер Оливер Спасовски, но не соопштуваат дали ќе биде побаран притвор за директорот на Дајнерс Македонија, пишува Денешен.

Според пријавата, за тековната 2009та година од јануари до октомври исплаќана е  кирија од 2100 евра за стан на улицата Васил Ѓоргов во Скопје. За стан во Охрид пак за месеците ноември и декември е исплатена кирија од 900 евра месечно.

Синот како директор на Дајнерс според МВР исплаќал и пари кон мајка си. Од 1ви ноември 2009та до февруари 2013та авансно на 12 ноември 2009та се исплатени кирии во износ од речиси 90 000 евра за стан на булеварот Партизански одреди во Скопје. Вкупно во 2009та се исплатени над 100 000 евра по основ на кирии.

Во 2010та гоидна исплаќана е кирија за станб на улица хаванска по цена од 2500 евра месечно од јули до ноеври а во месец декември закупнината скокнала на 2900 евра. За станот во Охрид Јанковски сам на себе си исплатил кирија од 27.000 евра.

Во 2011та исплаќана е закупнина за станот на улица хаванска пои цена од 2900 евра месечно во месеците јануари и февруари. Од март до крајот на годината закупнината драстично се зголемила на дури 5300 евра емсечно. Во текот на оваа година директорот на Дајнерс сам на себе си исплатил 70.000 евра.

Во текот на 2012та за истиот стан исплаќана е закупнина по цена од 5300 евра месечно или на годишно ниво 50.000 евра од Бобо Дајнерс за Божидар Јанковски. Истата математика била направена и во 2013та кога повторно за станот на Хаванска биле исплаќани по 5.300 евра месечна кирија.

Вкупно за периодот од 5 години од сметката на дајнерс на сметката на сопругот на радмила Шекеринска биле префрлени нешто под 20 милиони денари или над 300 000 евра. Од извршениот увид на управните служби на МВР утврдено е дека прво пријавениот и членовите на неговото семејство просториите кои ги изнајмувале ги имале пријавено и како адреси на кои живеат а впрочем на овие адреси и живееле.

stan1

Од увидот во секторот за финансиски прашања на град Скопје, утврдено било дека пријавениот го плаќал годишниот данок на имот по повластена стапка од 0.05 проценти својствена за стaнбени простории кои се користат како место за живеење од страна на сопствениците.

Во текот на истрагата според неофицијални информации , осомничениот тврдел дека станбениот простор кој го закупувал во име на Дајнерс бил користен и од странски државјанин . Но при проверките во евиденциите за странски државјани утврдено е дека лицето споменато од осомничениот воопшто нема пријавено привремен престој односно утврдено било дека Божидар Јанковски дал лажен исказ.