ФОТО: Овој учител е организатор на масакарот во Кенија

Исламистот и поранешен учител, Мухамед Мухамуд од страна на кениската полиција е назначен за организатор на масакрот на универзитетот во Гариса во кој беа убиени 148 студенти.

Тој е познат по прекарот Куно, Дулијадин или Гамадер и е припадник на екстремистичката група Ал-Шабаб.

Мухамед е исто така баран во врска со низа убиства на североистокот на Кенија.

Кенијската полицијата понудила 20 милиони шилинзи, или 200.000 евра, за информација која би довела до негово апсење.

Мухамуд е кениски државјанин и етнички Сомалиец – исто како и два милиони Кенијци, односно шест проценти од популацијата. Ова малцинство во главно живее на североистокот на земјата, каде Гариса е еден од најголемите градови.