ФОТО: Падна потпорен ѕид во двор на градинка во општина Центар

Се урна потпорниот ѕид на градинката Кочо Рацин клон Панорама. Повредени нема бидејќи во сета несреќа среќна околност е што ѕидот се урнал вечерта кога градинката била празна. Потпорниот ѕид го забележале вработените кои дошле на работа околу 6:30 изутринава. Оградата која има и бетноски дел паднала токму кај лулашките каде што вообичаено си играат дечињата.

6

Градоначалникот на Оштина Центар, Андреј Жерновски вели дека ова е последна порака дека Водно повеќе не може да издржи, но уште еднаш се огради од одговорноста и огнената топка ја префрли на други. Тој обвини дека лизгањето на земјиштето поради кое дошло до уривање на потпорниот ѕид во дворот на градинката е резултат на градбите од кои некој  имал  профит, но, се поставува прашањето зошто Жерновски, кога веќе бил информиран за алармантната состојба на ова подрачје не презел досега соодветни мерки, туку свесно дозволил да дојде до вакво нешто.

7

„Оваа слика која денеска ја гледаме е крајно алармантна и вознемирувачка и е последната порака дека Водно повеќе не може да ја издржи оваа градежна експанзија. Треба да се преземат сите потребни мерки“, рече Жерновски и додаде дека чиста среќа е што ова се случило навечер, бидејќи како што вели тој да се случело во текот на денот последиците ќе беа многу потрагични.

8

Тој најави дека Општина Центар уште утре ќе нарача студија на универзитетско ниво за да се испита носивоста на ова подрачје и дека ќе стапи во контакт со ИЗИС за да се направи една сеопфатна анализа.

9

Прво ќе бидат преиспитани сите градби кои во моментот се вршат во оваа критична зона, а ќе биде направена анализа и ќе се преиспитаат катностите кои се дадени според претходно утврдените детални урбанистички планови.

10

Во пет за дванаесет, откако дојде до ваков инцидент, кој за среќа помина без повредени Жерновски се сети дека е потребно да се преземе нешто што требало веќе да биде преземено најавувајќи нови урбанистички планови, со кои наводно ќе се спречи зголемување на катноста на сето она што е направено или допрва ќе се прави на овој дел на Водно и како што вели тој ќе се стави крај, бидејќи вакви нови случувања би можеле да доведат до катастрофални последици.

333

444

555

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.