ФОТО: Падна првиот снег во Македонија: Во Скопје снег на Водно

Во Македонија времето денеска ќе биде облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со над 20 л/м2, претежно во западните и во северните делови. На планините над 1.500 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер кој на моменти ќе дува си брзина до 70 км/ч.

Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната температура од осум до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, повремено интензитетот на врнежите ќе се засилува. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од девет до 10 степени.

Во наредните денови на планините над 1.500 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер (на моменти до 70 км/ч), кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени. Од недела следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.

Инаку утрово снег има на планините Водно, Шар Планина и Скопска Црна Гора.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.