ФОТО: Паника пред катедралата Свети Павле во Лондон – најден сомнителен пакет

Областа околу катедралата Свети Павле во Лондон е евакуирана и сите околни патишта се затворени поради сомнителен пакет, пишува британски „Мирор“.

На социјалните мрежи веќе се појавуваат голем број информации и фотографии од местото на настанот.

Полицијата потврдила дека на местото е најден сомнителен пакeт.

Телевизиската куќа „Раша Тудеј“ пак јавува дека во тек е контролирана експлозија. На социјалните мрежи очевидци пишуваат дека се слушнала гласна експлозија.