ФОТО: Папата доби „комунистичко распетие“ во Боливија

Претставниците на Ватикан по се изгледа останаа збунети откако на папата Франциско, претседателот на Боливија Ево Моралес му предаде „комунистичко распетие“ на кое Исус  е распнат на срп и чекан.

Папата доби „комунистичко распетие“ во Боливија
Папата доби „комунистичко распетие“ во Боливија

Подарокот од левичарски ориентираниот лидер предизвика бурни реакции помеѓу конзервативните Католици кои сметаат дека папата бил изманипулиран поради идеолошки причини, пишува Гардијан.

Одговорот на папата на овој подарок не бил јасен. Откако му било предадено дрвеното распетие за време на формалната церемонија, тој го погледнал неколку секунди пред да му го врати на претседателот.

Папата доби „комунистичко распетие“ во Боливија
Папата доби „комунистичко распетие“ во Боливија

Неговите коментари во глвно биле потиснати од големиот број новинарски екипи, а она што го изговорил е предмет на шпекулација. Некои тврдат дека папата бил изиритиран и ги изговорил зборовите „ eso no está bien “ (ова не е во ред), а портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди рекол дека папата најверојатно рекол „ eso no sabía bien“ (ова не го знаев).