ФОТО: Патека за зависници од мобилен телефон

Во Кина од неодамна постои нешто досега невидено – патека за зависници од мобилни телефони

Во градот Чонгкинг, на шеталиштето е обележен посебен дел со назнака „со мобилен“, додека другиот дел има назнака „без мобилен“. Обележениот дел е долг околу 30 метри.

Патеката е наменета за пешаци што не го тргаат погледот од својот паметен телефон додека се движат. Нивното движење најчесто е бавно, а бидејќи се преокупирани со тоа што го прават, неретко се случува да се судрат со други минувачи што брзаат некаде.

Кинеските власти велат дека намерата не им е да ги охрабрат зависниците, туку да ги потсетат дека не е најпаметна идеја да се движиш додека типкаш на мобилниот.

Овој проект е многу сличен на иницијативата на „Нешнал џиографик“ од пред неколку месеци, кога медиумскиот гигант на сличен начин се обиде да го насочи движењето на луѓето што се опседнати со зјапање во екранот на телефонот.

Сепак, нивниот обид не помина многу добро, бидејќи луѓето, не кревајќи ја главата, не ги забележуваа ознаките.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.