ФОТО: Патики со зајачки ушиња – апсолутен хит на Инстаграм

Ако на Инстаграм сте ги забележале девојките во патики од кои симпатично виреат зајачки ушиња, време е да ја запознаете ова дизајнерка.

Мина Парика доаѓа од Финска и од петнаесетгодишна возраст знаела дека сака да биде дизајнерка. На 19 години се преселила во Лондон каде продолжила да работи и барајќи инспирација низ Европа, во 2005. Се вратила во родниот Хелсинки и го основала брендот Minna Parikka.

-Моите креации се како љубовни писма од еден љубител на чевли до друг. Животот е прекраток за да го сфаќаме сериозно, вели таа.

Овие патики се апсолутен хит, а ги има во различни модели, бои и материјали. Наменети се за жени, дечиња, но и за возрасни мажи.

патики1

патики2
детуле