ФОТО: Перуанка има 116 години, се што јаде е од нејзината градина!

Филомена Тајле живее во едно мало село на Андите и верувале или не иа 116 години!

Родена е на 20 декември 1897 година и е најстарата личност во Перу.

1

„Не сум од минатиот век туку од векот пред него“,  му рекла Филомена на еден градски функционер кој дошол да и помогне да ја подигне својата прва пензија од 65 долари во рамки на помошта за најсиромашните стари лица.

Таа открила дека се што готви потекнува од нејзината градина.

2

– Тајната на мојата долговечност е во природната исхрана на база на компир, грав, козјо сирење и млеко, изјавила старицата која е во одлична форма и никогаш не го напуштила своето село.

4

Филомена има девет деца, кои сама ги израснала бидејќи рано останала вдовица.