ФОТО: Петгодишно дете загина во сообраќајка кај Струмица

ФОТО: ТВ Вис
ФОТО: ТВ Вис

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово во 10:30 часот на регионалниот пат Дабиле – Петралинци во која животот го загуби 5-годишно дете.

Возачот, Д.В (1978), кој е татко на починатото дете, е повреден, пренесува МИА. Како што пишуваат локалните портали, таткото и детето се од струмичкото село Босилово.

Сообраќајна несреќа е пријавена во 10 часот и 30 минути. Во неа учествувало патничко моторно возило Опел Астра со струмички регистарски таблички кое излетало од коловозот. Во незгодата е починато лице родено 2011 година, а возилото го управувал неговиот татко, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На местото на несреќата веднаш пристигнала полициска екипа и јавен обвинител, а детето и таткото се префрлени во Општата болница Струмица, каде е констатирана смрт на детето, додека таткото поминал со телесни повреди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.