Свет

ФОТО: Пилотот бил толку издрогиран, што не знаел каде се наоѓа!

ФОТО: Пилотот бил толку издрогиран, што не знаел каде се наоѓа!

Исламската држава минатата недела објави застрашувачко видео од бруталната егзекуција на јорданскиот пилот, а сега се откриени детали од грозоморниот чин.

Несреќниот јордански пилот Моаз ал Касасбеха бил жив запален во кафез, а неговата егзекуција предизвика огромен револт и желба за напади од страна на Јордан врз седиштето на џихадистите. Со целата оваа одвратна претстава се позанимавале експертите од саудискиот портал “BurnNews”.

pilot1

Интернет порталот ”Daily Mail” ја пренел анализата на споменатиот интернет портал по прашањето за тоа зошто пилотот не врескал од болка, додека кожата му горела во пламените, како што може да се види од застрашувачкото видео, а објаснувањето за тоа е дадено во продолжение.

pilot3
“Јорданскиот пилот бил толку издрогиран, што воопшто не бил свесен каде се наоѓа, ниту пак што го чека. Многумина истакнале дека неговиот став додека стоел во кафезот бил херојски, но вистината е дека џихадистите му дале толку силни седативи, што дури тој речиси и ништо не почувствувал”, стои во објаснувањето на “BurnNews”.

pilot4

Само како потсетување, џихадистите минатата недела направиле вистинска претстава од егзекуцијата. Оригиналното видео трае 22 минути, а до идејата за негово запалување во кафез терористите од ИСИС дошле по спроведената анкета помеѓу нивните следбеници, кои преку Твитер дале безброј морбидни предлози .

Извор: Точка.мк