Балкан

ФОТО: Пиштол сокриен во печено пиле фатен на српска граница

ФОТО: Пиштол сокриен во печено пиле фатен на српска граница

Српските цариници на граничниот премин Келебија спречиле шверц на пиштол којбил расклопен и скриен во две кутии со храна.

Оружјето било пронајдено во торба со храна, во делот за багаж кај автобусот кој сообраќал на редовна линија Врњачка Бања-Париз.

Пиштолот „Застава 7,6мм М70“ со рамка и пет куршуми биле пронајдени во кутии со кајмак и печено пиле.

Во тегла со пиперки бил пронајден уште еден дел од расклопениот пиштол замотан во алуминуимска фолија.

 

piperki

pistolj1-500