ФОТО: По три часа пожарникарите успеаја да го извлечат автомобилот на Весна Петрушевска од Вардар

 Извлечено е возилото што попаладнево пловеше во водите на реката Варадар, потврдија од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Самата интервенција на извлекувањето на возилото од под Камениот мост во центарот на Скопје, траела околу еден час.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Звонко Томевски изјави дека возилото е извлечено со интервенција на пет пожарникари и две пожарникарски возила.