ФОТО: Почна новогодишното украсување на Скопје, златна елка и бели снегулки

Елка висока 18 метри во златна боја вчера почна да се поставува на просторот меѓу фонтаната „Воинот на коњ„ и кафеаната „Пелистер“.

elka222

И годинава Град Скопје украсувањето на централното подрачје го додели на фирмата Линк медија плус  која има задача до 15 декември да му го облече новогодишното руво на градот.  Новина е што ќе биде поставена уште една новогодишна елка, помала и во среберена боја на плоштад Карпошово востание.

elka333

Две недели пред најлудата ноќ излозите на продавниците и бутиците во Градскиот трговски центар добија празничен изглед, а поставени се и декорации на уличните светилки.Низ ГТЦ се поставени украси кои уште повеќе ја разубавуваат божикната магија во градот.

skukras1     skukras3

На улица Македонија се предвидува поставување на ѕвездено небо, а во план е да има и нови топки-лустери.

Булеварот Партизански  веќе го красат светлечки фигури во облик на снегулки.

svetilkirekord

И другите општини во градот почнаа со празничното декорирање.

belasnegulka

 

skukras

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.