ФОТО: Почна да се асфалтира регионалниот пат Нов Дојран–Николиќ

Во Дојран се врши реконструкција на регионалниот пат Дојран-Николиќ, инвестиција во вредност од 1.1 милиони евра. Само во Дојран вкупната висина на инвестициите во инфраструктурата е околу 5 милиони евра.

Увид во градежните активности денеска изврши министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

misjalovski1

Заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта сме во посета на општина Дојран каде извршивме увид на реконструкција на регионалниот пат Дојран – Николиќ. Патот е со должина од 5.5 километри и претставува значајна врска меѓу двете населени места.Овој пат пат беше едно од ветувањата пред граѓаните на општина Дојран. Според динамиката на работа, задоволен сум како се одвива реконструкцијата  и очекувам дека градежните работи ќе завршат и пред предвидениот рок, некаде во месец јуни, рече Мисајловски.

vlado2-768x432

Градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов изјави дека овој регионален патен правец е многу значаен за општина Дојран бидејќи со него ќе се подобри комуникацијата меѓу Дојран и Николиќ. Тој очекува дека со реконструкцијата на патот ќе се подобри и туризмот во овој дел на Дојран.

Осветлување на целиот пат до границата со Грција

Оваа година, како што соопшти директорот ЈПДП Александар Стојанов, ќе се изврши осветлување на целиот пат од Стар Дојран до границата со Грција, инвестиција од 100.000 евра.

vlado1-768x432

Сакам да најавам дека започнавме со уште еден проект за обнова на возниот парк во МЖ Транспорт. Се објави тендер за набавка на нови три електрични локомотиви, инвестиција  од  7 милиони евра. Тендерската постапка трае до 2 Јуни оваа година, така да очекуваме оваа година да се склучи договорот а до јуни 2017 година треба да бидат испорачани во Македонија, рече Мисјаловски.

Предходно набавивме 6 нови патнички возови исто така вработените во железницата во континуитет зимаат редовна плата, обезбедивме работа и за Велешка Колска што значи дека со политиките што министерството за транспорт и врски ги превзема во делот на железницата постигнуваме добри резултати за развој на железничкиот сектор во Република Македонија.