(ФОТО) Почна „Пиволенд 2017“

На Скопското Кале вчеравечер почна десеттото издание на традиционалната манифестација – Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2017“.

Поради јубилејниот роденден, фестивалот ќе трае шест дена, од понеделник до сабота. Покрај на музиката, овој Пиволенд ќе биде посветен и на најважната споредна работа на светот ФУДБАЛОТ.

На посетителите ќе им се понудата околу 100 видови пиво, музика и фудбал- одлична комбинација за незаборавно доживување по десетти пат на Скопското Кале.

На годинешниов Пиволенд посетителите ќе се забавуваат со Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив, а по подолго време со концертен настап ќе ги видиме и САФ. Интересен настап ќе понудат и девојките од Tribute to Beyonce, а за љубителите на фудбалот на 7 и на 8 август, со оглед на тоа што во истовреме се одржува Суперкупот, подготвени се повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера.
.
Оваа година со одржувањето на Пиволенд всушност започнува и големата летна забава „СУПЕР СКОПЈЕ“, којашто ќе се одржува на повеќе локации низ градот Скопје. На 18 и на 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и на 26 август во Старата Скопска Чаршија, на 1 и на 2 септември на улица Македонија и на 8 и на 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало. Притоа на сите овие 4 места, на 2 локации, секој петок и сабота во вечерните часови, жителите и посетителите на Скопје ќе можат да уживаат во добра летна забава.

Фестивалот е под покровителство на градот Скопје и годинава за негова реализација од буџетот се издвоени 600.000 денари.

Бидејќи станува збор за јубилеен роденден на Пиволенд, се подготвуваат голем број изненадувања.