ФОТО: Поддршка за македонската полиција и во Свети Николе

Неколку стотици граѓани од различни возрасти вчера се собраа во Свети Николе за да искажат почит и поддршка на безбедносните сили.

nikole

Луѓето се собраа пред спортската сала Цар Самуил и преку градскиот парк именуван според загинатиот припадник од специјалните единици на безбедносните сили во конфликтот од 2001-ва година, Александар Серафимов, преку градскиот плоштад и центарот на градот, се упатија кон подрачната единица на МВР.

nikole-2

Таму беа дочекани од командирот и повеќе полициски службеници. По едноминутниот молк за почит кон загинатите во терористичкиот напад во Куманово, беше прочитан говор од млад волонтер во општината, во кој се искажа благодарност за храброста на безбедносните сили и желби за побрзо оздравување на повредените полицајци, меѓу кои има и еден Светиниколчанец, кој за среќа е во добра здравствена состојба.

nikole-3

Собраните граѓани им дадоа македонско знаме на полицајците, и им заблагодарија за заштитата и безбедноста која им ја пружаат, по што во еден глас беше испеана националната химна.