ФОТО: Погледнете во каков луксуз живеат џихадистите од ИСИС!

Припадниците на ИСИС продолжуваат со активната кампања на социјалните мрежи, а последната во низата нивни објави, покрај вообичаените закани, содржи и нешто ново – фалење со луксуз. Поточно, како што напишале на Твитер – “Живот со пет ѕвезди”.

Зехра Думан, Австралијка од Мелбурн која се приклучила на Исламската држава, е најактивна во објавите на Твитер.

Таа се фотографирала со своите соборци пред луксузен автомобил од марката “BMW M5″, а под фотографијата напишала: “Ова е нашиот живот со пет ѕвезди”.

Покрај фалењето, Захра не пропуштила да прати и некоја закана за западните непријатели.

“САД и Австралија, какво е чувството кога ние петмина, родени и образовани во вашите земји, сега сме жедни за вашата крв?”

Зехра Думан побегнала од Австралија и се приклучила на Исламската држава, каде ја променила верата и се омажила за борецот Махмид Адбулатиф, кој кратко по венчавката бил убиен во борба.

Идентитетите на останатите четири жени од фотографиите не се познати.

По објавувањето на фотографиите, Зехра напишала дека автомобилот е украден во Франција, и дека ќе се продаде, а парите ќе бидат наменети за поголеми цели.

Нејзиниот татко, Дуват Думан, за Herrald Sun изјавил дека неговата ќерка има “испран мозок”.

-Не беше ваква пред 3 месеци. Нејзиниот мозок е испран, изјавил Думан.

i1