ФОТО: Погребан специјалецот Горан Илијевски

На старите градски гробишта во Гостивар денеска беше погребан загинатиот припадник на МВР Горан Илијески-Мечето.

Со највисоки почести од него се простија голем број гостиварци, познаници и колеги.

Четириесет и едно годишниот Илијевски во МВР беше вработен од 2002 година. Трагично загубениот живот го одвои од сопругата и ќерката. Илијевски беше тешко ранет во акцијата на полициските сили во Куманово и пренесен на скопските клиники, каде им подлегна на повредите.

ФОТО: Дневник

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.