ФОТО: Погребани сопругата и децата на отец Радивој Паниќ

ФОТО: Погребани сопругата и децата на отец Радивој Паниќ
ФОТО: Погребани сопругата и децата на отец Радивој Паниќ

Настраданите членови на семејството на Радивој Паниќ (54) старешина на Храмот Свети Сава, сопругата Татјана (45), синот Никола (18) и ќерката Сименона (10) погребани се вчера на гробиштата Орловача.

На вечниот пат ги испратија неколку стотина роднини и пријатели меѓу кои беше и српскиот министер за правда Никола Селаковиќ, а опело држеше српскиот патријарх Иринеј со неколку црковни великодостојници.

Патријархот Иринеј рече дека отец Радивој, кој е тешко повреден и се наоѓа во болница се уште не знае дека му загинале и децата во сообраќајната несреќа што се случи во саботата во Македонија.

Бројното присуство на сите вас сведочи за тоа чие семејство испраќаме. За жал, тој не ја знае целата вистина за трагедијата што ја преживеа. На отец Радивој не му соопштивме дека и децата му настрадаа за да не ја загрозиме неговата здравствена состојба. Мораме да најдеме прилика во наредните денови да му соопштиме, наведе Иринеј, пишува Курир.

Тој додаде дека вчера е испратен дел од семејството на исклучителен човек и свештеник, кој е гордост на српската црква.

Радивој во црквата се вгради себеси и ја носеше во срце, а истото тоа го направи и во својот дом. Сопругата Татјана ги воспитуваше децата. Како тоа го правеше се гледаше по малечката Симеона која со 10 години беше толку врзана за црквата, рече Иринеј.

Семејството на отец Паниќ загина во сообраќајка кај Гевгелија

Во тешката несреќа која се случи кај Гевгелија починаа сопругата и двете деца на старешината на Храмот Свети Сава, Радивој Паниќ, кој е тешко повреден.

До несреќата дошло кога возило „рено-меган“ со српски национални ознаки откако претходно удрило во заден дел од возило „фијат добло“ со гевгелиски регистерски ознаки излетало од патот и удрило во метален столб.

Неговата сопруга, четириесет и петгодишната Татјана П. починала на лице место. Момчето на возраст од 18 години (Н.П.) и девојчето на возраст од 10 години, биле пренесени во медициснкиот центар во Гевгелија каде им подлегнале на повредите.

Свештеникот поради тешките повреди е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

 

 

Минатата година одејќи на одмор во Грција српски државјани доживеале страшна несреќа на патот Демир Капија – Удово.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.