ФОТО: Помал пожар избувна во зградата на Обвинителството

Помал пожар кој избувна во една од канцелариите во Основното јавно обвинителство во Скопје, предизвика паника меѓу вработените во новата зграда во центарот на Скопје, пишува „Утрински весник“.

На терен излегоа три возила на Противпожарната единица, по што огнот беше ставен во контрола.

Како што потврдија од полицијата, инцидентот се случил денеска околу 13 часот. Нема повредени ниту е причинета поголема материјална штета.

Од скопската Противпожарна единица ни рекоа дека причина за пожарот е отпушок од цигара фрлен во кошница за отпадоци.

фото: Утрински весник

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.