ФОТО: Попоски ја промовираше програмата “Проверено” во Општина Јегуновце

Никола Попоски, носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6, денеска во продолжение на својата посета на Општина Јегуновце ги посети селата Јанчиште, Јегуновце, Копанце, Туденце и Сиричино.

Во рамките на посетата, тој, заедно со вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, ја посети и фабриката Југохром Фероалојс, каде што беа истакнати заложбите на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поттикнување на извозот и подобрување на бизнис-климата во државата.

IMG_9634-1000Jegun

Попоски на средбите со граѓаните истакна задоволство од постигнатиот резултат во првиот изборен круг од претседателските избори и повика на уште поголема поддршка на 27 април, на предвремените парламентарни и вториот круг од претседателските избори.Тој пред насобраните граѓани во населените места во Општина Јегуновце го промовираше проектот 40 нови градинки, објекти и групи во други просторни услови.

IMG_9682-Jagun

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период особено внимание посвети на зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст преку изградба на нови објекти наменети за ЈОУ Детски градинки, или реконструкција и адаптација на постојни објекти, со што значително се зголеми капацитетот, а со тоа и опфатот на деца. Со цел понатамошно унапредување, подобрување и зачувување на здравјето и поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до 6 години живот, планирано е и понатаму да се инвестира во изградбата на детски градинки и адаптација и реконструкција на постоечки објекти во детските градинки а овој проект ја опфаќа и Општина Јегуновце“, порача Попоски.