Македонија

ФОТО: Попоски во Дубровник оствари повеќе билатерални средби

ФОТО: Попоски во Дубровник оствари повеќе билатерални средби
Попоски во Дубровник оствари повеќе билатерални средби

На маргините на Croatia Forum 2015 кој се одржува од 09 јули до 11 јули во Дубровник, министерот за надворешни работи Никола Попоски оствари билатерални средби со други Министри за надворешни работи и дипломати, на кои беше разговарано за евро-атлантските интеграции на Република Македонија, прашања поврзани со миграции и внатрешно – политичката состојба во Република Македонија.

Попоски во Дубровник оствари повеќе билатерални средби
Попоски во Дубровник оствари повеќе билатерални средби

На средбата со министерот за надворешни работи на Норвешка Борге Бранде, беше истакната континуираната долгогодишна поддршка на Норвешка за членство на Македонија во НАТО. Беа разменети мислењата за економските предизвици со кои се соочува регионот , при што беа поздравени реформите за привлекување странски инвестиции.

Попоски во Дубровник оствари повеќе билатерални средби
Попоски во Дубровник оствари повеќе билатерални средби

За време на средбата со министерот за надворешни работи на Хрватска Весна Пусиќ беше разговарано за зајакнување на билатералните односи кои беа оценети на највисоко ниво, при што беше повторена поддршката кон европските аспирации на Македонија.

Беше реафирмирана гласната поддршка на Хрватска за членство во ЕУ и НАТО, и разговарано проблемот со миграциите мора да се решава во европски рамки. Неопходно е справување со изворите на проблемот повеќе отколку со манифестациите.

Попоски во Дубровник оствари повеќе билатерални средби
Попоски во Дубровник оствари повеќе билатерални средби

На средбата со министерот за надворешни работи на Косово Хашим Тачи беше истакната корисноста од отворена соработка во сите области. Беше констатирана обострана волја за поголемо интензивирање на билатералните односи и одржување на заедничка владина седница.

На средбата со Амос Хоштеин, специјален пратеник и координатор за меѓународни енергетски политики на САД беа разменети мислења за енергетските предизвици во регионот.