ФОТО: Попоски во работна посета на Ватикан

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска оствари работна посета на Ватикан.

На средбата со својот домаќин, секретарот за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер, централно место зазеде перспективата на билатералните односи меѓу Република Македонија и Светата Столица.

Двете земји во изминатите две децении негуваат односи на пријателство, заемно разбирање и поддршка, базирани на значајни историски врски, заемно споделени духовни и културни вредности и традиции, оценија министрите Попоски и Галагер. Во оваа насока, заеднички беше констатирана конструктивната улога на Република Македонија во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог, почитувањето на верските слободи, како вредносен фундамент на општествениот соживот.

poposki-vo-rabotna-poseta-na-vatikan-1
Попоски во работна посета на Ватикан

На средбата беа разгледани можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји преку низа предлози и иницијативи кои во наредниот период ќе внесат засилена динамика во меѓусебните релации, пред се, во сферата на културата, размена на искуства во заштитата на црковното наследство, образованието и здравството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.