ФОТО: Поради сообраќајка – колона возила на улицата „Васил Чакаларов“

Поради сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Васил Чакаларов“ сообраќајот подолго време беше во застој.

soobrakajka-chakalarov

Читатели на Натпрес испратија фотографии до нашата редакција и велат дека поради сообраќајната несреќа имало колона се до студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Како што може да се забележи и на фотографиите во сообраќајната несреќа товарно моторно возило, односно комби возило со тетовски регистарски ознаки удрило во автомобил БМВ.

Засега нема информации за повредени лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.