(ФОТО) Струга со порака до Груевски: Никола во 2004 како и секогаш ти беше со стружани, а стружани остануваат со тебе до крај

Испишана на голем транспарент, жителите на Струга денеска за време на митингот на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, му испратија порака на премиерот и претседател на владејачката партија, Никола Груевски.

poraka-struga

„Никола во 2004 како и секогаш ти беше со стружани, а стружани остануваат со тебе до крај“, беше напишано на транспарентот поставен во Струга попладнево.

По митингот во Струга, коалицијата заедно со кандидатот за претседател, Ѓорге Иванов вечерва одржуваат митинг во Охрид.

Груевски во 2004 година отворено застана зад стружани и беше против Законот за територијална организација, тврдејќи дека истиот е донесен под притисок на одделни радикални структури и дека ВМРО-ДПМНЕ  е против територијалната поделба.

СДСМ и Бранко Црвенковски тогаш се противеа на референдумската иницијатива и бараа граѓаните да не гласаат на референдумот, со паролата „Некои прашања не заслужуваат одговор“, а поради недоволната излезност од 51 отсто референдумот беше прогласен за неуспешен.

Со Законот за територијалната поделба во 2004 поддржан од СДСМ, кој подоцна се покажа како погубен за Македонците од Струга и Кичево, Албанците во Кичево и Струга станаа доминантна етничка заедница.

ВМРО-ДПМНЕ вчера во Струга оствари убедлива победа освојувајќи над 7 500 гласови, што е досега најдобриот резултат остварен во Струга за претседателски избори.

struzani

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.